Потребите на нашата кожа се различни и секој има потреба од специфичен тип на нега. Затоа Reborn Cosmetics ви нуди комбинации на производи прилагодени на индивидуалните потреби на вашата кожа.
Откријте три едноставни комбинации на Reborn Cosmetics производи:
Комбинација 1: Full Ageless Combo
Ние дамите не се дефинираме според возраста, туку со чувството што го носиме во себе, нашето искуство и енергијата што ја испуштаме. Со цел нашата кожа да ја следи и одразува нашата позитивна енергија и да остане светла и младешка, постои Reborn Cosmetics Full Ageless Combo:
Утро: Ageless Day Serum+ Ageless Day & Night Cream
Вечер: Ageless Day & Night Cream + Ageless Night Serum
Full Ageless Combo ќе и обезбеди на вашата кожа хранливост, целосна хидратација, намалување на брчките, сјај и свежина, без да ја прави кожата мрсна.
Погоден е за сите типови на зрела или сува и дехидрирана кожа.
Годините не нè дефинираат, туку ние самите, нашата енергија, нашето расположение, а Full Combo е тука да го пренесе тоа на вашето лице!

Комбинација 2: Power Duo
Утро: Ageless Day Serum + Ageless Day & Night Cream
Вечер: Ageless Day Serum + Ageless Day & Night Cream
Power Duo ѝ дава на вашата кожа максимална хидратација и хранење, притоа намалувајќи ги видливите брчки и фините линии, го изедначува тонот и го враќа сјајот на вашата кожа, правејќи ја кадифена и мека.
За да ја одржите вашата кожа младешка и еластична, тука е Powert Duo, која содржи два вида хијалуронска киселина за длабока и површинска хидратација, природен ботокс, сигнални пептиди кои го стимулираат производството на колаген и неколку растителни екстракти и масла со антиоксидантни својства.
Оваа комбинација е и идеална основа за шминкање, а обезбедува нежна и хранлива бариера/ основа пред нанесувањето на шминката.
Комбинација 3: SOS For Sensitive Skin
Дали вашата кожа е склона кон акни, црвенило и разни иритации?
Вистинската комбинација за вас е:
Утро: Ageless Day Serum + Soothing Hydration Cream
Вечер: Ageless Day Serum + Soothing Hydration Cream
SOS за чувствителна кожа е идеална комбинација за исклучително чувствителна и проблематична кожа, која обезбедува оптимална хидратација, ја намалува појавата на црвенило, ја смирува и регенерира вашата кожа со помош на растителни екстракти и масла како што се арника, невен, алое вера, бораго и манго.
Оваа комбинација има антиинфламаторни и антибактериски својства. Погоден е и како нега после разни третмани на лице.
Која е вашата Reborn комбинација?

