Skip to main content

Како се роди Reborn ?

Сите ние споделуваме заедничко искуство и сме свесни за тоа колку нашите навики се сменети во споредба од пред неколку години. Ако ве прашаме колку е различен вашиот живот во споредба со вашите родители, повеќето би се согласиле дека разликата во начинот на исхрана е огромна, што е нормално, времињата се менуваат и нашите навики со тоа.

Специфично за промените во нашите навики денес, во однос на начинот на живот што го водевме во детството или што го водеа нашите мајки, е препознавањето и прифаќањето на поздрав начин на живот. Тој поздрав начин на живот значи дека денес многу повнимателно ја избираме храната, токму поради тоа што сме многу повеќе изложени на нездрава храна, внимаваме на физичкото здравје. И додека нашите мајки во многу случаи не се занимаваа со рекреативен спорт, денес голем број млади жени и мајки барем повремено тренираат за некој спорт. Како што во минатото не размислувавме за глутенот, за штетноста на шеќерот, така и денес внимаваме дали козметиката содржи парабени, силикони и токсини.

За многумина патот до поздрав начин на живот не е воопшто лесен, токму поради вкоренетите навики и вкусови кои ги имаме стекнато со годините, па често ни е тешко да ги исфрлиме тестото и слатките од исхраната, дури ни е тешко да се движиме, да најдеме мотивација и време во нашето напорно секојдневие да најдеме и малку време за физичка активност.

Што се однесува до козметиката, навикнати сме на одредени мириси, текстури, а природната козметика многу често има сосема различни карактеристики.

Брендот Reborn Cosmetics беше создаден како козметички бренд кој може да биде во чекор со сите нас, да го следи нашиот нов начин на живот, кој е подобар и поздрав, да ја следи нашата околина а притоа да биде убав и пријатен како и сите производи на кои сме навикнати.

Сакавме да понудиме природна козметика со врвен квалитет која ќе ни помогне да ги трансформираме нашите животи во подобар, поздрав и еколошки свесен а во исто време нашата трансформација да ни претставува едно убаво и радосно искуство, со сите придобивки за кожата кои се очигледни и јасно забележливи кај сите наши корисници.

По што се разликува Reborn Cosmetics?

Нашето прво истражување имаше за цел да открие дали нашиот пазар воопшто користи природна козметика, и доколку не користи, дали би сакал да користи и кои се бариерите и стравовите што не спречуваат да се занимаваме со нега на кожата со природна козметика.

Истражувањето покажало дека околу 16% од испитаниците веќе користат природна козметика, а огромното мнозинство од останатите испитаници изјавиле дека би сакале да ја испробаат, меѓутоа, клучните бариери и стравови за почеток со природна нега на кожата биле исто така многу јасно кристализирани.

Пред се, тоа беше недовербата во смисла каде се произведуваат овие козметички производи, под кои услови, колку се тестирани и проверени.

Ова истражување јасно покажа по кој пат треба да тргнеме. Reborn Cosmetics се произведува под строго контролирани и високо технолошки индустриски услови каде што се беспрекорно почитувани и применувани добрите производствени практики и каде што се исполнети сите санитарни и здравствени услови за производство.

Исто така, нашите производи се здравствено тестирани во сертифицирана лабораторија, а резултатите покажаа дека нашите производи не содржат никакви токсини, тешки метали и имаат оптимална PH вредност.

Отидовме и чекор подалеку и направивме дерматолошки тест во сертифицирана лабораторија во Атина, а резултатите покажаа дека сите наши производи се целосно безбедни за кожата и дека нема апсолутно никакви иритации или реакции на чувствителна кожа (мнозинството од испитаниците имаа чувствителна кожа).

Друга грижа на нашите испитаници беше дали природната козметика навистина ги има истите ефекти како синтетичката.

Затоа решивме да ангажираме врвни експерти – фармацевти и лекари – да ги креираат нашите формулации, а потоа детално да ги испитаме ефектите од формулациите.

Како резултат на сето тоа, денес имаме клиенти кои по многу краток период на користење на производите на Reborn изјавуваат воодушевување од ефектите на нивната кожа кои многу брзо се забележуваат.

Исто така ни беше многу важно нашето пакување да биде микробиолошки и здравствено тестирано, па решивме пакувањето да го увеземе од Италија, како од здравствени причини, така и поради квалитет и дизајн, од производител кој ги има сите сертификати кои ја докажуваат безбедноста на амбалажата.

Тоа е стаклена амбалажа која може да се рециклира. Дизајнот ни беше исто така многу важен, па посветивме многу внимание и време на развојот на визуелен идентитет кој целосно ќе ја одрази нашата приказна и нашите вредности.

Во следното подетално истражување, детално ги испитавме навиките на нашата таргет група, каде купуваат, колку пари трошат на козметика, какви мириси сакаат и што би ги привлекло да пробаат нов бренд. Така дополнително ги дефиниравме и потврдивме нашите вредности, кои се во согласност со очекувањата на нашата целна група но и со нашите идеи, бидејќи навистина ги постигнавме резултатите кои беа во согласност со нашите првични идеи и принципи.

Зошто да изберете Reborn Cosmetics?

Самите го создаваме нашето денешно време и со сите предизвици на модерниот живот и сè поштетните влијанија од околината, се чувствуваме како да треба да се преродиме за светот во кој живееме сега.